Голманот на Алкалоид, Иван Галевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 11. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Кадетскиот репрезентативен чувар на мрежата беше меѓу клучните поединци на мечот што Алкалоид го доби против Охрид и го потврди третото место на табелата.
Тој освои околу 52% од гласовите, а второпласираниот Владан Кастратовиќ собра околу 41% од вашите гласови.
Во трка за МВП беа уште и Гоце Георгиевски, Костадин Петров, Арнад Хамзиќ, Денис Василев и Дејан Гошевски.