Поранешниот младински репрезентативец Александар Ангеловски ја продолжи соработката со францускиот Белфор.
Стружанецот потпиша нов договор со неговиот актуелен клуб, кој ќе има важност за сезоната 2023/24.
Левиот и среден бек ја игра деветтата сезона во Белфорт и еден од најдобрите стрелци во тимот.
Сезонава Ангеловски има постигнато 142 гола на 22 натпревари и е четврти стрелец во Третата лига на Франција.
Ангеловски потекнува од Струга, настапуваше за МРК Вардар, па за Вардар, како и за Куманово и за Зомимак Струмица, а со сите овие екипи играше во европските купови пред да замине во Франција во 2014 година.
Ангеловски игра во животна форма – даде 57 гола на последните пет натпревари!