Ристовски ќе го тужи МОК во Лозана, парите ќе ги донира за РК и ФК Вардар

Борко Ристовски, поранешниот голман на репрезентацијата на Македонија и актуелен челн на ракометниот првак Вардар најави дека ќе го тужи МОК и очекува да добие меѓу 180.00 до 230.000 евра. Истите ќе ги донира, по половина на ФК Вардар и на РК Вардар.

Пред неколку дена МОК објави дека го суспендира ракометарот, бидејќи вербално во ТВ емисија го навредувал претседателот на МОК, Даниел Димевски.

„МОК нема ингеренции за вакви казни. Во консултација со неколку адвокати надвор од Македонија, одлучивме да поднесеме тужба до Спортскиот Суд во Лозана. Мојата цел не е да се земат средства од МОК, тоа се средства од спортистите. Било кои средства што ќе ги добијам, ќе ги подарам на спортски клубови, половина за РК, а половина за ФК Вардар. Јавно повторувам дека немам амбиции да бидам претседател на МОК, изјави Ристовски на денешката прес конференција.

Голманот на Вардар вели дека ваквата одлука на МОК се базира на страв и немоќ, и правно не е издржана.

„Тој мисли дека со одредена дисциплинска постапка ќе ме одврати во намерата во тоа што сум го почнал. Настапувам како Борко Ристовски, спортист. Така и ќе продолжам.
Човек кој знае дека има многу криминал зад себе. Тој се задскрива за МОК, доведувајќи ја институцијата во подредена ситуација. За моите изјави можеше да поднесе тужба за клевета и да докажуваме на суд. Но, реши да се затскрие зад нелегитимна комисија. Нема да се желиме тука во МОК, бидејќи несакаме да даваме легитимитет, вели Ристовски.

МОК го суспендира Борко Ристовски за вербална навреда на претседателот – ракометарот закажа прес во среда