ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите на нов тест со Хрватска, стартува 6. коло од женскиот плеј-оф

Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра вториот пријателски натпревар со Хрватска.

Избраниците на Раде Стојановиќ на вчерашниот дуел со „коцкестите” беа поразени со 27:22.

Пријателските дуели на кадетската репрезентација се дел од подготовките за настапот на Светското пренство во Хрватска што ќе се одржи од 2 до 13 август.

Денес со натпреварот меѓу Чаир и Овче Поле СУ ќе стартува новото, 6. коло во плеј-оф фазата во единствената лига кај дамите.

Ракометарките на Чаир се големи фаворити против клубот од Свети Николе. Првата пресметка меу двете екипи заврши со убедлива победа на Чаир од 28:22.

Со почеток од 20:15 часот ќе играат екипите на Јехона и Преспа во рамки од 6. коло од прволигашкиот плеј-аут.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 ЦСКА – РОСТОВ ДОН (РУСИЈА)

15:30 ИЗМИР – ЈЕНИМАХАЛ (ТУРЦИЈА)

17:00 ТОЉАТИ – ЗВЕНИГОРОД (РУСИЈА)

18:00 ТУНИС – ЈАПОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

18:00 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

19:00 ЦЕЛЈЕ – ЉУБЉАНА (СЛОВЕНИЈА)

19:30 ЧАИР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)

20:15 ЈЕХОНА – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)