Со натпреварот меѓу екипите на Голден Арт 2 и Кичево ќе се затвори 5. коло во плеј-оф фазата од Првата лига.
Дебитантот со победа над Кичево ќе дојде до 22 бодови на свое конто и ќе ги сочува шансите за евентуален пласман меѓу најдобрите четири екипи во прволигашката конкуренција.
Тимот на Кичево моментално е предпоследнопласиран во плеј-офот, но во претходното коло против Металург РА покажа дека знае да биде незгоден ривал.
Низ Европа денес нема многу натпревари, бидејќи поголемиот број на машки репрезентации се во подготовка за последните квалификациски натпревари за Европското првенство 2024.
Денес ќе се игра само во женските шампионатите во Данска и Словенија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:30 КИЧЕВО – ГОЛДЕН АРТ 2 (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ИКАСТ – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
19:00 ПИРАН – ОЛИМПИЈА (СЛОВЕНИЈА)
19:30 СИЛКЕБОРГ – КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)