Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 11. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните има ракометари од Еурофарм Пелистер, Вардар, Aлкалоид, Вардар Неготино, Тиквеш, Куманово и Голден Арт.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-23
АЛКАЛОИД – ОХРИД 31-23
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 17-30
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 25-22
КУМАНОВО – РАДОВИШ 34-27
ЈУНИОР КВ – СКОПЈ 26-27
ГОЛДЕН АРТ – СТРУГА 35-27
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРИЛЕП 30-28
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Кадетскиот репрезентативец блескаше на голот на Алкалоид во триумфот над Охрид.
Лево крило: Костадин Петров (Вардар Неготино) – Левото крило го водеше неготинскиот тим до важна победа над Прилеп.
Лев бек: Арнад Хамзиќ (Тиквеш) – Босанецот беше меѓу најдобрите поединци на мечот што кавадарчани го добија против Бутел Скопје.
Среден бек: Владан Кастратовиќ (Куманово) – Црногорскиот плејмејкер одново пружи одлична партија во кумановскиот дрес.
Десен бек: Дејан Гошевски (Голден Арт) – Десниот бек игра во одлична форма и второ коло по ред се најде меѓу најдобрите.
Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар) – Искусното десно крило беше меѓу најдобрите поединци во рутинскиот триумф над вториот тим на битолчани.
Пивот: Денис Василев (Еурофарм Пелистер) – Рускиот интернационалец постигна пет погодоци и одигра одлична одбрана во рутинскиот триумф кај Пролет.