Македонија тргнува дома со Азербејџан, двомечот со Шпанија во март следната година

Женската репрезентација на Македонија ќе има убава шанса да се пласира на големо натпреварување, откако ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2024 година.

Македонија се најде во групата 5 заедно со селекциите на Шпанија, Литванија и Азербејџан, а пласман на континенталниот собир обезбедуваат најдобрите две од осумте групи, како и најдобрите четири третопласирани селекции.

Нашата селекција, која во меѓувреме можеби ќе добие нов селектор, ќе го стартува квалификацискиот циклус со домашен натпревар со Азербејџан.

Потоа следува гостување кај Литванија, пред двомечот со Шпанија. За крај на домашен терен ќе игра со литванската репрезентација.

Европското првенство ќе се игра во Базел, Дебрецин, Инсбрук и Виена од 28 ноември до 15 декември 2024 година.

Распоред на натпревари, квалификации за ЕП 2024, група 5:

12.10.2023, Македонија – Азербејџан
16.10.2024, Литванија – Македонија
29.02.2024, Македонија – Шпанија
03.03.2024, Шпанија – Македонија
04.04.2024, Азербејџан – Македонија
07.04.2024, Македонија – Литванија

Дамите ги дознаа ривалите – еве кои селекции стојат на патот на Македонија до ЕП