Дамите ги дознаа ривалите – еве кои селекции стојат на патот на Македонија до ЕП

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Македонија се најде во групата 5 заедно со селекциите на Литванија, Азербејџан и Шпанија.

Квалификациските средби почнуваат во октомври оваа година, а ќе завршат во април 2024 година.

Место на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и четири најдобри третопласирани селекции.

Таму веќе се пласирани шампионот Норвешка, како и организаторите Швајцарија, Австрија и Унгарија.