Фановите на полскиот првак Келце може да здивнат по неколку месеци, бидејќи на неизвесноста и дојде крај.
Келце објави дека е најден нов генерален спонзор и во иднина ќе настапува под името Барлинек Индустрија Келце.
Претходниот спонзор се откажа во ноември минатата сезона, па оттогаш се надвиснаа темни облаци над Келце. Недим Ремили беше продаден на Веспрем, но и покрај големата оштета, ќе беше тешко да се заврши сезоната без финансиски проблеми.
Иако нема информација до која година е потпишан договорот со компанијата Барлинек, веројатно тоа е до крајот на сезоната со можност да биде продолжена соработката и во иднина. Tоа е компанија за производство на паркет и подни елементи во сопственост на еден од најбогатите Полјаци, Микал Соловов.
Првиот натпревар под новото име Келце ќе го одигра на 23 април на домашен терен против Горњик Забже.