Данскиот Алборг, кој од следната сезона ќе биде посилен за уште многу ѕвезди, ќе го зголеми капацитет на салата.
Моменталниот капацитет на „Гигантиум Арена“ е 5.000 гледачи, а за сезоната 2023/24 ќе биде зголемен на 5.500 гледачи.
Од раководството на данскиот вицепрвак за тамошните медиуми најавија и изградба на сопствена сала од 10.000 гледачи.
Амбициозниот тим кој сезонава го донесе Микел Хансен, од лето ќе биде посилен за Симон Халд, Никлас Ландин, Алекс Влах…
Сезонава поранешниот финалист на ЛШ беше елиминиран во осминафиналето од домашниот ривал ГОГ Гудме.