Денес во Куманово беше одржан вториот меморијален турнир во чест на Јасмина Голубовиќ – име кое остави длабоки траги во кумановскиот женски ракомет.
Турнирот беше организиран од Здружението на ракометни ветерани, кое доби поддршка од Градоначалникот и Советот на Куманово.
На турнирот покрај домашната екипа, учествувааа и ветеранките на Гевгелија, Богданци и Струга.
Овој втор меморијален турнир во спортската сала при СОУ „Перо Наков“ беше збогатен со учество на повеќе генерации на ракометарки со кои Голубовиќ настапувала во нејзината кариера.
Првото место го освоија ветеранките од Богданци, како второпласирани завршија Струга, третото место им припадна на ветеранките од Гевгелија, додека четврти беа Куманово.
Јасмина Голубовиќ во 60-те години од минатиот век претставуваше синоним за ракометна умешност и останува во историјата на женскиот ракомет во Куманово како апсолутен рекордер во настапите за родниот град и постигнатите голови за ДТВ Партизан – Куманово.