Со денешниот дуел меѓу екипите на Чаир и Металург ќе започне новото, 3. коло во плеј-оф фазата во Женската лига.
Тимот на Чаир по триумфот против Овче Поле СУ се зацврсти на 3. позиција со 18 бода, додека екипата од Автокоманда на свое конто има 13 бода.
Чаир со евентуална победа ќе се доближи до актуелниот лидер Ѓорче Петров, кој има 24 бода и викендов го очекува дерби дуел со Куманово.
Доколку триумфира тимот на Металург, тогаш избраничките на Јулијана Дамчевска ќе направат голем исчекор за подобар пласман.
Во прволигашкиот плеј-оф, непобедливиот Мулти Есенс силите ќе ги одмери со незгодниот состав на Металург РА.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 МК ХОЛОН – МАКАБИ ЛЕ ЗИОН (ИЗРАЕЛ)
14:00 РАМАТ ХАШАРОН – ХЕРЦЛИЈА (ИЗРАЕЛ)
17:00 МУЛТИ ЕСЕНС – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)
17:30 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ТОПЛИЧАНИН (СРБИЈА)
18:00 МОШОНМАЃАРОВАР – БЕКЕШЧАБА (УНГАРИЈА)
18:00 ЛЕОТАР – КРИВАЈА (БИХ)
18:00 ЦЕЛЈЕ- ТРИМО ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
18:30 НИШ – БОР (СРБИЈА)
19:00 САВЕХОФ – ХАЛБИ (ШВЕДСКА)
19:00 МОРС – ХОЛСТЕБРО (ДАНСКА)
19:00 АРХУС – МИТЈИЛАНД (ДАНСКА)
19:00 МАРИБОР – ЛОКА (СЛОВЕНИЈА)
19:30 ОРМОЖ – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 КРЕТЕЈ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
20:00 МОНПЕЛЈЕ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ЧАИР – МЕТАЛУРГ (МАКЕДОНИЈА)
21:30 СТЈАРНАН – СЕЛФОС (ИСЛАНД)