Каталонскиот гигант Барселона ќе му го раскине договорот на Лука Циндриќ, иако тој е со важност до 2025 година.
На некогашниот ракометар на Вардар и Металург, сигурно нема да му недостигаат понуди за продолжување на кариерата, а според „Спортске Новости“, први на редот се унгарскиот Веспрем и германскиот Мелсунген.
Веспрем останува без Лауге, остана без Ненадиќ, а на лето доаѓа Касадо, кој треба да има поддршка од Јахја Елдера. Египќанецот веројатно ќе биде поддршка за Косоротов на левата страна, па унгарскиот тим сигурно радо би го видел Циндриќ во своите редови.
Особено откако има шпекулации дека и ол-раунд бекот Кентан Мае е блиску до камбек во Бундес лигата во дресот на Хановер, иако има активен договор со Веспрем.
Барса има финансиски потешкотии, а скапиот хрватски репрезентативец ќе го олесни буџетот на каталонците, кои планираат иднината на средната бековска позиција да ја градат со Домен Макуц и младиот Шпанец Пол Валера.