Се острат за дербито – цела Битола по титула (ФОТО)

В недела ќе се игра првото големо дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во Скопје.

Битолчани и навивачите „Чкембари“ се острат за натпреварот в недела и веќе се организираат за патувањето во главниот град.

Загревањето започна утринава кога на познатата Саат Кула во Битола се појави транспарент со натпис „Цела Битола по титула“.

Натпреварот меѓу двете водечки екипи на табелата кои имаат по 15 бодови ќе се дигра в недела во СЦ „Јане Сандански“.

Почетокот е од 18:00 часот.