Македонскиот шампион Ѓорче Петров го освои трофејот на турнирот што се одржуваше во Ѓаковица, на кој домаќин беше клубот Шќипоња.
Ѓорче Петров најпрво во полуфиналето славеше против домаќинот со 47-18, а во финалето се соочи со младинската селекција на Бугарија.
Младите Бугарки во полуфиналниот меч славеа против младинската селекција на Косово со 29-17, но во финалето немаше никакви шанси против македонскиот шапион.
Ѓорче Петров славеше со 20 погодоци разлика, 47-27, а покрај трофејот за првото место, имаше и индивидуална награда за ракометарка на македонскиот првак.
Ангела Јанкуловска беше прогласена за најдобра ракометарка на турнирот, односно МВП. Ѓорче Петров во одлична форма ќе го стартува плеј-офот и одбраната на титулата, а прв предизвик ќе биде гостувањето кај Пелистер.