ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија тестира со Турција, Војводина гостува кај Еурофарм Пелистер

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде пријателскиот натпревар меѓу женските репрезентации на Македонија и Турција.

Мечот ќе се игра во спортскиот комплекс на турската федерација во Анкара со почеток од 15:00 часот.

Во рамките на регионалната СЕХА лига во Битола на меч со Еурофарм Пелистер ќе гостува составот на Војводина на меч што започнува од 18:00 часот во „Боро Чурлевски“.

Во Лигата на шампионите, ќе се одиграат уште трите последни натпревари од групната фаза, а најинтересно би требало да биде во Порто.

Таму домашниот тим нема шанса за прогрес, но гостите од Плоцк доколку слават ќе го поминат Загреб на табелата и ќе обезбедат осминафинале во елитната конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 КЕЛЦЕ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

20:45 ПОРТО – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

20:45 МАГДЕБУРГ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:05 БЕРГИШЕР – МИНДЕН (ГЕРМАНИЈА)

19:05 ГУМЕРСБАХ – МЕЛСУНГЕН (ГЕРМАНИЈА)

19:05 РАЈН НЕКАР – ВЕЦЛАР (ГЕРМАНИЈА)

19:05 ШТУТГАРТ – ГЕПИНГЕН (ГЕРМАНИЈА)

17:30 НОРВЕШКА – ДАНСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

20:00 ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

15:00 MAKЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

20:25 АВСТРИЈА – БРАЗИЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВОЈВОДИНА (СЕХА ЛИГА)