Само еден ден по елиминацијата од Лигата на Европа, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува обврска во регионалната СЕХА лига.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски вели дека иако натпреварот доаѓа во лош момент, ќе биде добар за залечување на раните.
„Војводина е квалитетна екипа, составена од искусни домашни ракометари. Овој натпревар ни доаѓа во лош момент, но може добро да ни дојде за да ги залечеме раните и да биде еден наш нов почеток. Едно будење во кое ќе се подигнеме самите и ќе забележиме поволен резултат, не само на таа средба туку и на натпреварот што нè чека во Суперлигата против Пролет.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Војводина ќе се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот.
На првиот меч одигран во Нови Сад, српскиот шампион славеше против битолчани со пет гола разлика, 29-24.
Костески: Да го заборавиме Мотор и да покажеме подобра игра против Војводина