Костески: Да го заборавиме Мотор и да покажеме подобра игра против Војводина

Само еден ден по елиминацијата од Лигата на Европа, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува обврска во регионалната СЕХА лига.

Десното крило Ненад Костески вели дека мора да се архивира мечот со Мотор и против Војводина да се прикаже добра игра.

„Имаме само еден ден за да се подготвиме за натпреварот со Војводина во СЕХА лигата. Треба да заборавиме тоа што се случи против Мотор Запорожје, да ги подигнеме главите и да покажеме добра игра и добар натпревар. Ништо не е загубено оваа сезона, има уште многу да се игра. Ја повикувам публиката да дојде да нè поддржи и на крај сите заедно да се радуваме на нова победа“, вели Костески.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Војводина ќе се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот.

На првиот меч одигран во Нови Сад, српскиот шампион славеше против битолчани со пет гола разлика, 29-24.

Пешевски: Војводина може да ни ги залечи раните и да биде наш нов почеток