Ракометарите на Партизан утре на свој терен ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза од регионалната СЕХА лига.
Клубот од Белград ќе се соочи со македонскиот шампион Вардар и ќе се обиде да дојде до изненадување.
Тренерот на Партизан, Дарио Кржељ очекува дека неговите избраници ќе одиграат на висина на задачата.
,,Очекувам мојот тим да не ги повтори грешките од првиот дуел и да покаже дека може да се надигрува против секого. Јас сум среќен затоа што пред својата публика ќе играме против двократен освојувач на ЛШ и верувам дека атмосферата ќе биде извонредна”, изјави Кржељ.
Натпреварот меѓу Партизан и Вардар се игра на 28 февруари со почеток од 18:00 часот во СЦ „Вождовац“.