Ракометарите на Партизан утре на свој терен ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза од регионалната СЕХА лига.
Клубот од Белград ќе се соочи со македонскиот шампион Вардар и ќе се обиде да дојде до изненадување.
На првиот дуел, кој беше одигран во Скопје, избраниците на Владо Недановски триумфираа со 31:26.
Еден од најдобрите играчи во редовите на Партизан, Урош Којадиновиќ имаше пофални зборови за тимот на Вардар, кој според него е еден од најдобрите во Европа.
,,По поразот во Скопје одигравме одлични натпревари во нашиот шампионат. Сега, нашата цел е да им докажеме на сите дека можеме да го победиме еден од најголемите тимови во Европа. Храбро се боревме во Скопје, но нашитo неискуство се покажа како клучно. Во случај да успееме да направиме некои промени во однос на првиот дуел, убеден сум дека можеме да победиме во вторник. Очекувам навистина одлична атмосфера и овој дуел ќе биде празник за сите љубители на ракометот”, изјави Којадиновиќ
Натпреварот меѓу Партизан и Вардар се игра на 28 февруари со почеток од 18:00 часот во СЦ „Вождовац“.