Според пишувањата на романските медиуми, голманката на црногорската репрезентација, Марта Батиновиќ ќе настапува за екипата на Магура Чиснадие.
Батиновиќ, која со црногорската репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство минатата година, во текот на 2021 направи трансфер од Валчеа во Глорија Бузау.
Искусната голманка во својата кариера настапуваше и за црногорскиот шампион Будуќност, како и за хрватскиот вицепрвак Подравка.
Освен Батиновиќ, во клубот во кој настапува репрезентативката на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, ќе пристигне и левиот бек Емилија Калинска од Љублин.