Селекторот на машката сениорска репрезентација на Франција, Гијом Жил го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојниот двомеч со Полска во рамки од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Во француската репрезентација се вратија четворица играчи кои поради повреди го пропуштија настапот на Мундијалот во Полска и Шведска.
Станува збор за Тимоте Н’Гесан, Карл Конан, Хуго Дескат и Ејмерик Мин.
Ракометарите на Франција веќе имаат обезбедено пласман на континенталниот собир во Германија, а дуелите со Полска ќе решат кој од двете репрезентации ќе се пласира на првата позиција на табелата.
Избраниците на Жил првиот дуел против Полска ќе го одиграат на 8 март во Гдањск, додека реваншот е закажан за 11 март во Екс ан Прованс.