Бундеслигашот Гепинген се уште е активен на трансфер пазарот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Гепинген го објави третото ново засилување за следната сезона, во која амбициите на клубот ќе бидат едно скалило погоре од оваа сезона.
Нов ракометар во редовите на Гепинген ќе биде младиот репрезентативец на Австрија, Франко Ластро, кој настапува на позицијата лево крило.
19-годишниот ракометар ќе има голема шанса и прилика своите квалитети да ги покаже во најквалитетната лига на светот, но и да игра против најдобрите клубови од Бундес лигата.
Ластро моментално настапува за екипата на Вестивин, клуб со кој минатата сезона учествуваше на европска сцена.
Раководството на Гепинген за следната сезона го ангажираше и голманот од Алборг, Андреас Флодман, како и десниот бек од Гуиф, Ерик Персон.