Екипата на ПСЖ немаше поголеми проблеми против Динамо Букурешт, триумфираше со 33:26 во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите. ПСЖ со денешната победа го обезбеди првото место на табелата во групата А. За второто место, кое исто така носи директен пласман во четвртфиналето, во игра се Магдебург и Веспрем.
Избраниците на Чави Пасквал имаа сили само за едно полувреме, во кое успешно им парираа на домаќините. По одличниот старт на ПСЖ, кој поведе со 4:1, ракометарите на Динамо Букурешт со серија од 3:0 израмнија на 4:4 и во поголемиот дел од првото полувреме беа повеќе од рамноправен противник.
Динамо Букурешт до средината на првото полувреме имаше одлична игра и во неколку наврати беше во минимално водство, но не поголема од два гола разлика. Откако Динамо Букурешт имаше водство од 8:6, домаќините со три гола во низа го презедоа водството поведоа со 9:8.
ПСЖ од 15 минута, па се до крајот на првото полувреме беше подобриот противник на теренот, успеа да одржи дистанца од два до три гола разлика, разграни беа Пранди, Тофт Хансен, Мате…па така домашниот тим на пауза замина со активен резултат од 17:14.
Динамо Букурешт во вториот дел не успеа да се врати во игра, иако во одредени периоди успеваше да намали на два гола разлика. Веќе при водство на ПСЖ од 26:20 во 45 минута, гостинот од Романија знаеше дека нема премногу шанси за камбек.
Најефикасен во екипата на ПСЖ беше Елохим Пранди со шест гола, додека по пет постигнаа Доменик Мате, Хенрик Тофт Хансен и Феран Соле. Кај поразениот табор се истакнаа Хавиер Хумет со седум и Анте Кудуз со шест гола.