Битигхајм го израмни рекордот на Вардар

Германскиот шампион Битигхајм го израмни рекордот на македонскиот Вардар по најголем број на постигнати погодоци на натпревар од Лигата на шампионите.

Битигхајм го победи чешкиот првак Бањик Мост во меч од последното коло од групната фаза со 47-25.

Со тоа беше израмнет рекордот на Вардар, кој во сезоната 2014/15 го победи словенечкиот Крим со 47-29.

И покрај убедливата победата на Мост, Битигхајм, кој играше одлично на стартот на сезоната, сепак не се пласираше во осминафиналето на ЛШ.