Дарко Кондев се врати на терените

Ракометарите на Тиквеш во првиот натпревар од плеј-оф фазата се сретнаа со фаворизираниот тим на Алкалоид и успеаја да се изборат за реми, 31:31.

Во неизвесениот дуел, кој беше одигран во спортската сала “Јасмин”, свој камбек на терените имаше членот на Тиквеш, Дарко Кондев, кој не играше во првиот дел од сезоната поради повреда на рамото.

Левото крило на кавадаречкиот тим одигра одличен натпревар, гинеше во двата правци, постигна четири погодоци, од кои два беа во финишот кога тимот на Кире Лазаров беше пред победа.

Младиот ракометар покажа дека и во оваа сезона ќе биде еден од главните играчи во екипата на Тиквеш, која ќе атакува на излез на европска сцена.

Кондев во минатата сезона во Супер лигата постигна 90 погодоци.

Невидена драма во Кавадарци – Храбриот Тиквеш се избори за реми со Алкалоид!