Кичево цели кон Суперлига – се засили со ракометар на Охрид

Амбициозниот прволигаш Кичево пред стартот на пролетниот дел од сезоната донесе засилување на десната бековска позиција.

Станува збор за младиот десен бек од составот на Охрид, Никола Шипинкоски, кој ќе настапува како позајмен во прволигашката конкуренција, каде ќе има голема минутаќа и ќе стекнува искуство.

Тој ќе биде опција плус во бековската линија за составот на Кичево, кој е на чекор до пласман во плеј-офот за Суперлигата.

Кичево се наоѓа на четвртото место на табелата во групата А од Првата лига со 19 бода и во регуларниот дел од сезоната го чекаат уште дуели против Мулти Есенс, Младост Богданци, Текстилец и Бисинов.