По три одиграни кола во групната фаза од регионалната СЕХА лига, односно два меча за македонските претставници, членот на Вардар – Филип Талески е најдобар стрелец.
Левиот бек на „црвено-црните“ е на првото место на листата на стрелците со 17 постигнати гола на дуелите со Татран Прешов и Вардар.
Втор стрелец во регионалното натпреварување е десното крило на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески, кој постигна 11 гола на дуелите со Нексе и Војводина.
За двата македонски тима остануваат уште по два меча во групата.
Вардар на 10 февруари дома ќе игра со Татран Прешов, додека на 28 февруари ќе гостува кај Партизан во Белград.
Еурофарм Пелистер има два домашни натпревари. Во Битола на 2 март доаѓа Војводина, додека на 14 март ќе гостува Нексе Нашице.