Репрезентативката на Македонија, Сања Давевска, која од Локомотива Загреб се пресели во редовите на ПАОК од Солун, дебитираше со победа за новиот клуб.
Ракометарките на ПАОК во рамки од грчкиот шампионат се израдуваа на нова убедлива победа, овој пат против екипата на Каматеро, со резултат 31:11.
Дабевска и колешките на пауза заминаа со предност од 12:7, додека во вториот дел гостинките постигнаа само четири голови поради убиствената одбрана на домашниот тим.
Кружниот напаѓач од Македонија во својот деби настап за ПАОК постигна три гола и одигра солидно во одбраната.
Повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска не настапи на дуелот против Каматеро.