Полуфиналето меѓу Франција и Шведска вечерва од 21:00 часот во „Теле 2 Арена“ во Стокхолм, можеби ќе биде без Никола Карабатиќ.
38-годишниот среден бек на ПСЖ ја обнови повредата на стопалото во четвртфиналниот дуел со Германија.
Таа ја заработи на средбата со Црна Гора, но легендарниот Карабатиќ веројатно ќе стисне заби и ќе му биде на располагање на селекторот Гијом Жил, кој пак најави дека ќе чека со составот до последен момент.
Претходно, во првото полуфинале што ќе се игра во Гдањск, во „Ерго Арена“ ќе се соочат Данска и Шпанија.