Репрезентацијата на Хрватска го заврши настапот на Светското првенство во Полска и Шведска, откако не успеа да се пласира во четвртфиналето.
Во Хрватска беше изразено незадоволство од остварениот резултат, но и најавена анализа на настапот, од кој очекуваа најмалку четвртфинале, а завршија на деветтото место.
Актуелниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорав имаше неуспешен обид да ги однесе ,,коцкестите” на ОИ пред две години, а немаше убедливи изданија ниту на ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, па челниците на ХРС го загубија трпението со него и ќе бараат наследник на таа позиција.
Хорват по враќањто во Хрватска истакна дека не го интересира каква ќе биде одлуката од ХРС, па за очекување е дека ќе добие отказ.
,,Веќе ништо повеќе не ме интересира. Што ќе биде, нека биде…Знам само дека денеска одам во Мелсунген, каде што ќе се приклучам на тимот што поскоро, бидејќи не чека вториот дел од сезона во која треба да обезбедиме опстанок во Бундес лигата. Ќе играме четвртфинале од Купот против Фленсбург. Не се оптоварувам за тој натпревар затоа што многу поважен ќе ни биде дуелот од Бундес лигата против Хановер”, изјави Хорват за хрватските медиуми.
Хрватите во групната фаза загубија од Египет, славеа против Мароко и САД, додека во главната рунда ремизираа со Данска и славеа против Бахреин и Белгија.