Денес од 21:00 часот со натпреварот Полска-Франција ќе стартува Светското првенство во машка конкуренција. Домаќини на големиот настан ќе бидат Полска и Шведска чии градови ќе ги угостат 32-те земји учеснички на Мундијалот.
Веќе на стартот на Светското првенство , Шведска и Стокхолм паднаа на испитот. Додека на шест репрезентативци од Зеленортските острови кои се сместени во Стокхолм, буквално им се распаднаа хотелските кревети, Шведските репрезентативци се луксузираа во Спа хотел, каде проблемите со расклатени кревети се научна фантастика.
По овој настан доста вознемирен беше еден од спонзорите на Зеленортските острови кој мораше итно да интервенира, на полноќ преместувајќи ја својата репрезентација во друг хотел.
Дали домаќините не се ангажирале премногу бидејќи се работи за репрезентација која не е од ракометниот крем, или сето ова беше една случајност не знаеме. Едно е сигурно, а тоа е дека Шведска и Стокхолм не се претставија како добри домаќини на СП, барем на самиот почеток.
Зеленортските острови шанса за одмазда за оваа непријатност ќе имаат веќе на 14 јануари кога во рамките на второто коло од групата Ц ќе се сретнат со домаќинот Шведска.