Денеска стартува Светското првенство во Полска и Шведска, а секојдневно македонските љубители на ракометот ќе имаат шанса да следат натпреварите на националниот сервис.
Покрај наптреварите на Македонија и нејзините конкуренти од групата, МТВ ќе пренесува по две средби во деновите кога нема да игра нашата репрезентација.
Термините се 18:00 и 20:30 часот.
Ќе биде пренесувано и свеченото отворање заедно со мечот меѓу домаќинот Полска и Франција.
Дополнително, МТВ ќе врши пренос и од двете средби на ракометарките на Ѓорче Петров во осминафиналето на Европскиот Куп против полскиот Јарослав.