Португалија на воведните два натпревари на Мундијалот во Полска и Шведска ќе остане без услугите на својот селектор Пауло Переира.
Португалскиот кормилар ќе мора да ја одлежи суспензијата од два натпревари која ја заработи на крајот од натпреварот од Олимписките квалификации против селекцијата на Франција.
Португалија е дел од групата Д чиј домаќин е шведскиот град Кристијанштад, а во неа се наоѓаат и селекциите на Исланд, Јужна Кореја и Унгарија.
Ракометарите на Португалија првиот дуел го имаат на 12 јануари против Исланд, па потоа следува натпреварот со Јужна Кореја на 14 јануари, а во последното коло на 16 јануари избраниците на Переира ќе се соочат со Унгарија.
Најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза. Португалија на минатиот Мундијал заврши на 10. позиција.