Селекторот на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Хрвоје Хорват го објави конечниот список на играчи за Мундијалот во Полска и Шведска.
Од ракометарите кои беа дел од подготвителниот период, во кој Хрватска тестираше против Италија, Израел и Македонија, отпаднаа левиот бек Томислав Северец и десниот бек Лука Кларица.
Поради повреда на Мундијалот нема да настапат неколку клучни играчи како Тин Лучин, Халил Јагањац, Давид Мандиќ, Иван Чупиќ…
Хорват ќе може да смета на носителот на играта, искусниот Домагој Дувњак, како и на екс членовите на Вардар, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
Хрватска на Светското првенство во Полска и Шведска ќе игра во група со репрезентациите на Египет, САД и Мароко. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза на Мундијалот.