Екс голманот на Вардар и актуелен член на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, откако пред извесен период заработи повреда на лигаментите на стопалото, неговиот настап на Мундијалот во Полска и Шведска беше неизвесен.
Сепак, како што соопштуваат од Ракометниот сојуз на Србија, сосема е извесно дека искусниот голман, кој е еден од главните играчи во составот на Тони Херона, ќе настапи на Светското првенство, кое ќе стартува утре.
Голманот на српската репрезентација моментално се наоѓа во Берлин каде ќе ги одработи последните лекарски прегледи и контроли. По направените прегледи, екс голманот на Вардар ќе се приклучи на националниот тим, односно ќе отпатува на Светското првенство.
Репрезентацијата на Србија пред СП на двапати тестираше против Шведска. Избраниците на Тони Херона на првиот дуел беа поразени со 35:34, додека на вториот контролен дуел забележаа победа со два гола разлика, 30:28.
Србија на Мундијалот во Полска и Шведска ќе настапува во група со репрезентациите на Германија, Катар и Алжир. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза од натпреварувањето.