Еден од организаторите на СП, директорот на полскиот дел од организацијата Грегор Гутковски во изјава за „Спортове Факти“ вели дека подготовките за Мундијалот одат во добра насока, и очекува спектакл од 11 до 29 јануари.
Меѓу останатото, Гутковски се осврна и за делот за посетеноста на престојното СП која се очекува да биде на високо ниво.
„Билетите за натпреварите на полската репрезентација се продаваат многу добро. Мислам дека навивачите ја сваќаат важноста на овој натпревар, скоро сите билети се продадени, освен оние најскапите. Важно е тоа дека интересот за билети не е насочен само кон домаќинот Полска, германските навивачи ќе бидат присутни во Катовице. Голема нарачка на билети за Краков има од Норвежаните, Македонците и Холанѓаните. Засега „најпроблематична“ е групата во која се Шпанија, Црна Гора, Иран и Чиле“, изјави Гутковски.
Македонија ќе биде дел од група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот меч е против скандинавскиот ривал на 13 јануари.
„Фалангата“ на готовс: Билети од 400 денари за натпреварите на Македонија!