Кадетите и кадетките на Скопје на новогодишен турнир во Солун

Кадетите и кадетките на Скопје од денеска до 5 јануари ќе бидат дел од турнирот „Климакс Куп“ во Солун во јужниот сосед на Македонија.

Во машкиот дел од турнирот ќе играат 16 екипи поделени во четири групи, а кадетите на Скопје ќе бидат дел од групата 4.

Нивни ривали се екипите на Пилаја, Лариса и Филипос Верија, а првиот меч е денеска од 12:45 часот против Лариса.

Во женскиот дел од турнирот ќе играат 12 екипи поделени во четири групи, со по три екипи. Кадетките на македонскиот тим се во групата 1.

Ривали на Скопје ќе бидат Елпидес и Панелиниос. Избраничките на Андријана Будимир денеска ќе имаат еден меч против Панелениос од 21:00 часот.