Репрезентативец на БиХ бил позитивен на допинг тестирањето по натпреварот против Словенија во рамки од првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024.
БиХ и Словенија првиот меѓусебен дуел го одиграа на 13 октомври оваа година, а убедлива победа остварија избраниците на Урош Зорман со 28:20.
Како што информираат босанските медиуми, Европската ракометна федерација (ЕХФ) покренала постапка против играчот чие име се уште не се октива во тамошната јавност.
Европската ракометна куќа го суспендирала босанскиот репрезентативец, откако тој одбил да направи второ тестирање, односно Б примерок.
Според новата одлука, челниците на Ракометниот сојуз на БиХ се обврзани да суспендираат ракометарот.