Поранешниот младински репрезентативец на Тунис, Мохамед Азизи Аиди, кој настапува на позиција лев бек, се наоѓа пред трансфер во српскиот шампион Војводина, пренесува Рукометни Журнал.
Тунижанецот не го продолжил договорот со Металопластика, а за неговите услуги се заинтересирани од клубот од Нови Сад.
Доколку ракометарот од Тунис пристигне во Војводина, тогаш ќе ја зголеми конкуренцијата на леваката бековска позиција, каде што веќе настапуваат Грегор Оцвирк, потоа Миљан Пушица, како и младите Марко Тасиќ, Миљан Вуковљак и Никола Ковачевиќ.
Српскиот шампион ќе биде ривал на Еурофарм Пелистер во групната фаза од регионалната СЕХА лига.
Војводина првиот дел од сезоната во српскиот шампионат го заврши на првото место на табелата со биланс од 12 победи и само еден пораз. Новосаѓани на свое конто имаат 24 бода, додека екипата на Динамо Панево, која е предводена од екс тренерот на Куманово, Ненад Краљевски има бод помалку (23).