Денеска во центарот на вниманието на македонската ракометна и спортска јавност, ќе биде ревијалниот натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци на Македонија.
Во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва од 19:00 часот ќе се соберат многу ракометни имиња кои дале многу за македонскиот ракомет и бееа дел од националниот тим.
Селектори на репрезентацијата на ветераните ќе бидат Звонко Шундовски и Илија Темелковски, кои ја водеа Македонија на СП 2009 и ЕП 2012 година.
Покрај овој натпревар се игра уште во женските шампионати на Данска, Шведска и Полска, каде Зорица Десподовска со својот Кобержице му гостува на Кожалин.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 МАКЕДОНИЈА ВЕТЕРАНИ – МАКЕДОНИЈА (РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР)
18:30 НИКОБИНГ – КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)
18:00 КОЖАЛИН – КОБЕРЖИЦЕ (ПОЛСКА)
19:00 САВЕХОФ – ХЕИД (ШВЕДСКА)