Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира (26) најмалку до крајот на сезонава ќе биде член на Вардар, откако македонскиот шампион потпиша договор со бекот да игра во „црвено-црниот“ дрес.
Тој е првото засилување за пролетниот дел и доаѓа од екипата на Ла Риоха од Шпанија. Договорот со Дутра е со важност до крајот на сезонава, и можност за продолжување за најмалку уште една.
Дутра игра на позицијата лев и среден бек и треба да биде засилување за нападот на Вардар.
Тој е одличен индивидуалец кој е особено силен во играта „еден на еден“ и зад себе има и интернационална кариера во Висла Плоцк во Полска, и уште три сезони во Куенка од Шпанија. Дутра е на списокот на селекторот на Бразил за СП во Полска и Шведска, и во Скопје треба да се приклучи по завршување на Мундијалот.