Екипата на Бидасоа Ирун, која се натпреварува во иста група со Еурофарм Пелистер во Лига на Европа, реши да ја продолжи соработката со еден од столбовите на одбраната.
Бразилскиот интернационалец Матеуш Да Силва, кој настапува на позицијата кружен напаѓач, во шпанскиот тим ќе остане најмалку до јуни, 2024 година.
Ракометарот од Бразил во Бидасоа Ирун настапува од 2019 година. За тоа време, тој одигра 140 официјални натпревари.
Да Силва во првиот дел од полусезоната во Лига на Европа постигна четири гола, но во најголемиот дел од натпреварите одигра само во одбраната.