Селекторот на машката младинска репрезентација на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ, кој со своите избраници ја освоија бронзата на Европското младинско првенство во Португалија, кое се одржуваше во периодот од 7 до 17 јули, има нов предизвик во својата тренерска кариера.
Откако во првата половина од годината го предводеше Раднички од Крагуевац, а од август женскиот тим на Ниш, Теодоровиќ во следниот период ќе биде ангажиран во екипата на Дубочица од Лесковац.
Теодоровиќ со раководството на клубот се договори на соработка до јуни, 2024 година. Екипата на Дубочица првиот дел од сезоната во најквалитетното натпреварување во Србија го заврши на 12. позиција.
50-годишниот тренер има и меѓународно искуство, ја предводеше екипата на Опсал од Норвешка, а во текот на 2018 година реши да се врати во својата татковина. Беше тренер и на екипите Металопластика од Шабац и Железничар Ниш.