Македонскиот интернационалец Александар Тренчевски продолжува со одличните настапи во шампионатот на Финска.
Тренчевски со екипата на АИФК во тамошниот шампионат беа поразени од актуелниот шампион на Финска, БК-46, со резултат 34:27 (17:13).
Кружниот напаѓач, кој во својата кариера настапуваше за екипите на Прилеп, Вардар Јуниор, Зомимак и Астраион, беше најефикасен во дресот на АИФК и натпреварот го заврши со седум постигнати погодоци.
Вториот ракометар од Македонија во редовите на АИФК, десното крило Илија Крстевски не успеа да се запише во листата на стрелците и имаше две исклучувања.
АИФК оваа сезона по 14 одиграни натпревари се наоѓа на последното, 7 место на табелата.
Тимот на Тренчевски и Крстевски има забележано само една победа, против СИФ, како и реми во дуелот против ХИФК, а на останатите 12 дуели беше поразен од неговите ривали.