Дисциплинската комисија на Европската куќа на ракометот донесе одлука за спорниот натпревар меѓу српскиот првак Војводина и австрискиот Кремс.
Случај беше отворен поради неспортското навивање на навивачите на Војводина во Австрија, а дуелот на кој Кремс беше домаќин беше во прекин десетина минути.
Војводина е казнета со 15.000 евра поради неспортското однесување на нејзините симпатизери и плус ќе мора да одигра два европски натпревари без публика.
Кремс е казнет со 7.500 евра поради тоа што одлучи да не патува на реваншот во Нови Сад, кој е регистриран со 10-0 за Војводина, па овој тим оди во осминафиналето на Европскиот Куп.
Инцидент на европски натпревар – реагираше полицијата! (ВИДЕО)
По нередите на српските хулигани Кремс не патува во Нови Сад, службена победа за Војводина?