Дамјаноска: Сите треба да не сфатат сериозно, не сме екипа за потценување!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров со две убедливи победи го елиминира австрискиот Румс Јагс. Вчера избраничките на Симе Симовски славеа со 45-26, а денеска со 40-26.

Кружниот напаѓач Катерина Дамјаноска истакна дека напорната работа во претходните две недели, во која Ѓорче Петров напорно работеше за натпреварите на европска сцена, вроди со плод.

„Трениравме многу во овие една до две недели, се мотивиравме сите и оваа недела ја започнавме со тоа да се спреми тимскиот дух, техниката, да се анализира противникот…Во текот на вчерашниот натпревар влеговме во грч, не бевме сигурни дека ќе победиме, бидеќи се работи за австриска екипа, но сепак, секоја од девојките се спремаше психички да влезе на натпреварот, како на вчерашниот, така и на денешниот, можеби денес со поладни глави. Вчера бевме во грч, прв европски натпревар, некои од девојките немаат големо искуство. Ова ни е мотив да се докажуваме во домашниот шампионат и во Европа, секој да не сфати сериозно дека не сме екипа за потценување, дека имаме свои цели што ни се дадени. Денес, сакавме да дадеме се од себе, да се изигра со исто темпо и не сакавме да се штедиме или да дадаме помалку голови, секоја од нас сакаше да одигра на максимум”, изјави Дамјаноска.

Ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп ќе се одржи во вторник (13 декември, со почеток од 11:00 часот.

Јанкуловска: Европските натпревари се голем мотив за нас помладите играчи

 

Нов блесок на Ѓорче Петров, Румс Јагс си оди со преполна мрежа!