Исландскиот тим Тор Акурејри по разделбата со македонскиот стратег Стевче Алушовски, најде негова замена.
Раководството на Тор се реши не за еден, туку за двајца тренери кои ќе го водат второлигашот до крајот на сезоната.
Станува збор за браќата Геир Кристин Адалстеинсон и Сигурпал Арна Адалстеинсон. Двајцата се поранешни ракометари на Тор, некогашни репрезентативци на Исланд и веќе работеа во клубот во минатото.
Тор Акурејри од осум одиграни меча оваа сезона има три победи, едно реми и четири порази, а до крајот на годинава ќе одигра уште три натпревари – дома против Селфос и на гости кај Фјолнир и Валур.
Во Тор Акурејри настапува македонскиот репрезентативец Костадин Петров, како и екс вардарецот Јосип Векиќ.
Исланѓаните признаа: Алушовски е амбициозен и вистински професионалец – ние сме мал клуб за него!