Некогашниот среден бек на Охрид и Пелистер, Марко Кобетиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
31-годишниот хрватски интернационалец потпиша за израелскиот тим Нес Зиона и ќе се обиде да му помогне во борбата за плеј-офот.
Кобетиќ настапуваше за Охрид од 2016 до 2018 година, со кој настапи и во ЕХФ Купот, потоа играше и за битолски Пелистер.
Откако замина од Македонија беше дел одсловенечкиот Марибор, австрискиот Барнбах и Олимпијакос, во времето кога Ненад Кљаиќ го водеше тимот од јужниот сосед на Македонија.
Хрватот во татковината играше за Дубровник, Сисција Сисак и Пореч, како и за францускиот Монтелимар.