Тимот на Охрид загуби од Алкалоид со 29-28 во дерби натпреварот од 11 коло во Суперлигата во СРЦ „Билјанини Извори“.
Тренерот Горан Андоновски вели дека повредите на Ончев и Шешиќ, биле голем проблем за нападот и дека неговите момци направиле многу технички грешки на стартот на вториот дел.
„Ние одевме на победа на овој натпревар, но неиграњето на Ончев и повредата на Шешиќ, се одрази на нашата игра во напад. Имавме многу технички грешки на стартот на второто полувреме, успеавме некако да се вратиме, но топката не не сакаше последните десетина минути. Сепак покажавме дека сме одлична екипа, сите натпревари во плеј-оф ќе бидат вака тешки и квалитетни. Јас би рекол дека победи посреќниот тим и тимот што направи помалку технички грешки во напад и тоа го реши натпреварот. Судењето не би го коментирал“, изјави Андоновски.
Следен предизвик за Охрид и Андоновски ќе биде домашниот натпревар со Куманово.